Во косовската полиција ќе влезат 280 полицајци од Србија

Од:

Приштина се согласи со предлогот на Белград 280 поранешни припадници на српското Министерство за внатрешни работи да бидат дел од косовската полиција во северно Косово, објави приштинскиот весник „Трибуна“.

Весникот пишува и дека Приштина се согласила поранешните членови на српското МВР да не положуваат заклетва, ниту да преминуваат преку каква било колективна обука, пред да станат дел од косовската полиција.

Информацијата за весникот ја потврдил Дритон Лаиќи, член на приштинскиот тим преговори и советник на косовскиот вицепремиер.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски