Во Косово уапсени уште двајца пратеници на Самоопределување

Од:

Косовската полиција денеска во парламентот го приведе последниот од четворицата опозициски пратеници, по кои беше издадена наредба за апсење.

Пратеникот Фатон Топали од движењето Самоопределување е приведен под обвинение дека употребил солзавец, јајца и бибер спреј за време на собраниска седница. 

Потерницата по Топали беше издадена претходно, но досега тој се криеше.

Топали на социјалните мрежи објави дека е уапсен откако влегол во Парламентот „за да ги исполни пратеничките обврски“.

– Премиерот Иса Мустафа ја прославува годипнината од доаѓање на власт со апсење на пратеници од опозицијата, но нас никој не може да не запре, пишува Топали.

Откако беше издадена потерница, Топали извесен период беше во Швајцарија. Тој има швајцарско државјанство. Топали наведе дека во Швајцарија бил поради лични обврски, а не да се крие.

Во текот на денот косовската полиција ја приведе и пратеничката на Самоопределување Албулена Хаџиу. Таа беше уапсена во центарот на Приштина и и е одреден 30 дена притвор. 

Претходно, уапсена е и претседателката на парламентарна група на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Доника Кадај-Бујупи. Пред неколку дена уапсен е и основачот на Самоопределување Албин Курти.

Четворицата се обвинети за предизвикување на општа опасност и активирање на солзавец за време на седниците на Парламентот. Косовската полиција денеска во парламентот го приведе последниот од четворицата опозициски пратеници, по кои беше издадена наредба за апсење. 

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски