Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија

Од:

Косовската полиција соопшти дека вчера попладне спречила шверц на над 60 грла овци и телиња, за кои има информации дека се внесени преку илегални патишта од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на косовското МВР, во два одвоени случаи, во општина Витина, во близина на косовско-македонската граница, биле откриени камиони, обата со косовски таблички и управувани од косовски државјани, кои ја превезувале стоката за која не поседувале соодветна документација.

Во приколката на камионот фатен во селото Рамијан се пронајдени 57 грла овци, додека во приколката на камионот запрен на регионалниот пат меѓу Витина и месноста Пожоран имало шест телиња.

– Има сомневања дека животните се внесени во Република Косово преку илегални патишта од Република Северна Македонија. Случаите се во процес на истрага од страна на пограничната полиција, во соработка со соодветното обвинителство, инспекторите на Агенцијата за ветеринарство и храна и Царините на Косово, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

ЦУК: Мечка убила и изела овци во гостиварско село Равен

Горан Наумовски

Овчар со стадо овци останал заробен среде вода откако надошла Црна Река во Тиквешко

Орце Костов

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Овци пасат на главниот булевар во Дебар, општински инспектор излезе на терен

Орце Костов