Во Косово се вратиле 117, во Албанија ниту еден припадник на ИД

Од:

Според најновиот извештај на истражувачкиот Институт Soufan Center, со седиште во САД, во изминатите две години,во Косово се вратиле 117 Косовци припадници на Исламска држава.

Од друга страна во Албанија не се вратил ниту еден нејзин државјанин припадник на таа терористичка организација.

Според извештајот 33 држави дале податоци за враќањето на своите државјани кои биле на боиштата во Ирак и Сирија на страната на ИД.

– Повратниците, кои поголемиот број од нив се во затвор или не се појавуваат во јавноста и понатаму претставуваат ризик по безбедноста во следните години, стои во извештајот.

Во џихадстичката ИД во изминатите години, се приклучиле 317 државјани на Косово, се вратиле 117, се уште таму се 138,додека се убени 62.

Од Албанија заминале околу 150 лица, не се вратил никој, а убиени се над 20 од нив.

ИД го изгуби поголемиот дел од територијата што го сонуваше калифатот прогласен во јуни 2014 година, привлекувајќи илјадници џихадисти од целиот свет.

Минатата недела Алијансата подржана од САД, арапските борци и сириските Курди соопшти дека ја презедоа Рака,град кој важеше за главно упориште на џихадстите.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици