Во Косово првороденото бебе машко, во Албанија женско

Од:

Во Косово првороденото бебе е машко. Родено е во една минута по полноќ и се вика Еди. На мајката Афердита Зогај ова и е шесто дете, тешко е 4,6 килограми.

– Пресреќна сум што по пет ќерки ми се роди син  и тоа е најубавиот подарок за Новата 2013 година, изјави мајката за косовските медиуми.

Мајката и бебето во Гиниколошката клиника во Приштина ги посетила претседателката Атифете Јахјага, јави дописникот на МИА.

Првороденото бебе во 2013 година во Албанија е женско. Мајката Силвана од Тирана малечката Фјона на свет ја донела во пет минути по полноќ, во гиниколошката клиника „Кочо Глиожени“ во Тирана. Бебето е со нормална тежина од 2,9 килограми и заедно со мајка и се во добра здравствена состојба.

Лани во Косово првороденото бебе беше женско, додека во Албанија машко.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река