Во Косово минатата година под истрага за тероризам 132 лица

Од:

Косовската полиција минатата година поднела 13 кривични пријави против 132 лица осомничени за тероризам.

– Во 11 акции реализирани низ целата теритоија на државата конторлирани се 98 локации. Во овие акции но и други случаи уапсени се 78 лица осомничени за тероризам, потврдил висок полициски функционер за весникот „Трибуна“.

Според истиот извор полицијата успеала да спречи заминување за боиштата во Сирија и во Ирак на голем број косовски граѓани.

Од друга страна вршителот на должноста државен обвинител Суле Хоџа изјавил дека Државното обвинителство направило се да се бори против оваа појава и оти тоа и понатаму останува приоритет во работата на оваа инситуција.

– Врз основа на координациите и активностите на обвинителството и полицијата, специјалното обвинителство на Косово спроведе истрага за 132 лица осомничени за тероризам. Уапсени се десетици осомничени а на 36 им е одредена мерка притвор, изјави Хоџа.

На вечрашната попладневна средба на претседателката, Атифере Јахјага, со претседателот на Парламентот Кадри Весели, разговарано било околу забрзувањето на постапката за донесување на Законот за спречување на косовски граѓани да учествуваат во странски војни.

Неодамна косовската тајна служба добила информации дека најмалку десет косовски џихадисти се подготвиувале за терористички напади во Косово.

Инаку од Косово на боиштата во Сирија и во Ирак неофицијално војуваат околу 300 лица а убиени се над деваесет.

Би можело да ве интересира

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов