Во Косово четири џамии не се под јурисдикција на ИЗК

Од:

Во Косово се идентификувани четири џамии кои не се под јурисдикција на Исламската заедница на Косово (ИЗК), од кои две сега се затворени, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.

Претставници на ИЗК наведуваат дека тие џамии треба да се затворат бидејќи немаат никакви информации за активностите во нив, ниту за тоа кој раководи со нив и со што се занимаваат.

Секретарот на ИЗК, Решул Реџепи изјави дека има информации дека во Косово постојат четири места за молитва така наречени џамии, од кои две се во функција и се наоѓаат во Драгаш. Другите две се затворени, едната е во Дечани, а другата во Приштина и таа е затворена на првиот ден од акцијата во која се упасени 40 лица осомничени дека сториле кривично дело поврзано за тероризам.

Реџепи посочи дека џамијата во Дечани е затворена пред една година.

Тој не ја исклучува можноста дека и други објекти кои не се под контрола на ИЗК да бидат затворени.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски