Во карантин косовскиот заменик-министер за здравство Трајковиќ

Од:

Косовските власти го пратија во 14-дневна изолација заменикот-министер за здравство Сретен Трајковиќ, откако денеска влезе во Косово од Србија преку еден од граничните премини меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според косовските медиуми, членот на кабинетот на Албин Курти, кој доаѓа од редовите на партијата на косовските Срби, Српска листа (СЛ), е изолиран согласно владините мерки за спречување на ширењето на заразата со вирусот Ковид-19, според кои лицата кои влегуваат во Косово првично се испраќаат на две недели во карантин.

Заменикот-министер Трајковиќ, кој, според медиумите, досега ниту еднаш не се појавил на работа во Владата на Косово, во Србија престојувал со цел да обезбеди помош за жителите на општина  Грачаница, близу Приштина, во која мнозинството го сочинуваат етнички Срби.

Трајковиќ е именуван за втор човек во Министерството за здравство на Косово на 20-ти овој месец.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски