Во Јужна Митровица се фрлаат летоци кои повикуваат на мобилизација и патролирање за заштита на територијата

Од:

Во Јужна Митровица попладнево се појавиле летоци на кои групата „Оштима“ повикува „на мобилизација“, како и на патролирање во деловите од северот на Косово, каде што живеат Албанци, пренесува „Коссев“.

Движењето „Оштима“, кое го потпишува овој проглас, како причина за тоа ги наведува заканите по територијата и албанскиот народ, кои ги виделе во најавите на одредени политичари за „корекција на границите“. Тие повикуваат граѓаните кои „ја чувствуваат албанската крв во своите вени“ да се организираат и патролираат.

Оваа група на мобилизација повикува поради „сомнителни лица“ за кои тврдат дека се забележани во селата во северот на Косово и кои наводно лажно се претставувале и зборуваат српски.

Овие личности, според „Оштима“, ја обележуваат територијата која сакаат да ја окупираат. До сега, институциите на Косово за ова немаат никаков коментар.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада