Во Истанбул почна процес против 225 лица, кои учествуваа во протестите во паркот Гези

Од:

Во истанбулскиот суд денеска почна процес против 225 лица, кои учествуваа во протестите во паркот Гези, во јуни минатата година.

Против 225 демонстранти се покренати повеќе обвиненија, меѓу кои за нарушување на законите за извршување демонстрации, нанесување штети на државна сопственост, учество во незаконски демонстрации, заштита на криминалци, нанесување штети во храм и други.

Во обвинителниот акт е посочено, дека демонстрантите пиеле алкохол во истанбулската џамија, во која била укажана помош за ранетите демонстранти.

Антивладините демонстрации ја потресоа Турција во јуни по грубата интервенција на турската полиција врз демонстрантите, кои протестираа во Истанбул против владиниот проект, што предвидуваше сечење на дрвјата во паркот Гези. Петмина демонстранти го загубија животот за време на протестите.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он