Во Истанбул формирана правата Асоцијација на атеисти

Од:

Во Турција е формирана првата Асоцијација на атеисти, чија канцеларија се наоѓа во истанбулската населба Кадкојоб, јави турскиот весник „Радикал“.

– Асоцијацијата е формирана со цел да се заштитат правата на атеистите во Турција. Ниту еден атеист веќе нема да биде сам. Ниту на улиците, ниту во судниците, објави Асоцијацијата на Твитер.

Основачите на Асоцијацијата на атеисти – Толга Инџи и Ахмет Балјемез претходно изјавија дека атеистите се соочуваат со проблеми и имаат потреба од правна помош.

Дури и да кажеш „јас сум атеист“, тоа во Турција веќе се смета за навреда на исламот. Изјавата на премиерот дека „секој атеист е терорист“, почна да се сфаќа нормално, велат Инџи и Балјемез.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски