Во Хрватска усвоен Закон за животно партнерство на лица од ист пол

Од:

Хрватска денеска доби Закон за животно партнерство на лица од ист пол, согласно кој хомосексуалните двојки ќе ги уживаат истите права, како и брачните партнери, освен правото на посвојување дете.

Саборот го усвои Законот со 89 гласови „за“ и 16 „против“. Усвојувањето беше проследено со аплауз од галеријата, од каде седницата ја следеа активисти за права на ЛГТБ лицата.

По усвојувањето на Законот, во Хрватска бракот, вонбрачната заедница, животното партнерство и неформалното животно партнерство законски се признати како заедници, кои го претставуваат семејниот живот, соопшти здружението Загреб Прајд и наведе дека семејниот живот на истополовите партнери отсега во Хрватска е заштитен со Уставот, Европската конвенција за човекови права и Уставниот суд.

Законот ќе стапи во сила осмиот ден од објавување во Службен весник, а првата истополова венчавка, според проценките на Здружението, ќе може да се одржи кон средината на август.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик