Во Хрватска покрената истрага против полицајци кои тепаа мигранти

Од:

Хрватското државно обвинителство нареди истрага против полицајци, поради сомневање за сторено кривично дело нечовечко и сурово постапување, а на тројцата сторители им се заканува затворска казна до 10 години, пишува денеска загрепски „Јутарњи лист“.

– Окружното државно обвинителство во Карловац побара истрага откако снимките беа објавени во емисијата „Потрага“ на хрватската РТЛ, рече окружниот државен обвинител Вера Магдиќ-Бижановиќ.

Се наведува дека станува збор за кривично дело малтретирање и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, за што е предвидена затворска казна до 10 години.

Властите соопштија дека тројца припадници на специјалната полициска единица тепаат мигранти, поради што тие се суспендирани и против нив е поведена дисциплинска постапка.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари