Во Хрватска подготвуваат закон за личен банкрот

Од:

Хрватското Министерство за правда работи на нацрт закон за воведување личен банкрот врз основа на кој презадолжени граѓани би добиле можност за нов почеток, јавуваат хрватски медиуми.

Проценките се дека во државата пред личен банкрот се околу 15.000 граѓани кои не можат да подмират кредитни обврски.

Во Хрватска, според медиуми, дневно десетина семејства остануваат без дом, а 253.000 граѓани се во блокада, бидејќи не можат да ги подмират своите обврски.

Воведување таков закон поддржува и претседателот Иво Јосиповиќ кој смета дека таква порака не е да не се плаќаат сметки или на сите да им се простува долгот, туку солидарна распределба на теретот на кризата и должничката состојба на бројни граѓани.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари