Во Хрватска има речиси 10.000 илегални негувателки за деца

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Откако пред три години стапи во сила Законот за негувателки, во Хрватска се покренати само 33 бизниси. Бавната администрација и строгите прописи се само некои од причините зошто многу негувателки се откажуваат да покренат работа, па работат на црно. Според некои проценки, ги има околу 10.000.

Една била секретарка, а друга трговец. Две пријателки со исто име Марина, пред две години се одлучиле да се преквалификуваат и да отворат дејност за негувателки. Почетокот им бил тежок, поради бавната администрација им требало шест месеци да добијат дозвола за работа.

„Институциите не се упатени во се што се случуваше во врска со тој обрт, законите не се усогласени и тоа што е многу важно, во Законот постојат некои институции кои во Загреб воопшто не постојат. Потребно е некоја институција да ви издаде нешто која тоа со закон го пропишува, а всушност таа институција не постои” – вели негувателката Марина Маквиќ.

Проблемот е во ДДВ

Денес чуваат седум деца, но размислуваат за проширување на дејноста. Но, иако се услужна дејност, за разлика од градинките, на државата ќе мора да плаќаат данок на додадена вредност, што никако не им одговара, велат тие.

„Со 12 деца, ние дефинитивно ја надминуваме границата каде ќе мора да плаќаме ДДВ. Со 7 деца не ја надминувама таа граница, бидејќи месечно можеме да ги платиме сите трошоци, но се плашиме кога ќе дојдеме до тие 12 деца, дека тоа нема да биде како порано. Ние ќе имаме многу поголеми трошоци, тоа нема да биде одржлива дејност” – рече Марина Маквиќ.

Поради овие причини, но и строгите услови кои мора да се задоволат при покренување на дејност, многу негувателки сепак продолжуваат да работат на црно.

„Откако пред три години стапи во сила Законот за негувателки, во Хрватска се отворени 33 градинки, во кои работат 51 негувателка. Но се проценува дека на црниот пазар работат околу 10.000”, јави репортерката на Ал Џезира Матеа Дамјановиќ.

Од хрватското Здружението за негувателки за помош се обратија до Министерството за социјална политика. Тие пак, за проблемот со плаќањето на ДДВ разговараа со Министерството за финансии. Во Здружението велат дека суфинансирањето е уште еден проблем кој го кочи отварањето на градинките.

Навечер и за викендите

Економската цена за чување на дете е околу 270 евра. За разлика од поголемите градови, освен Загреб, помалите средини први ја препознаа важноста за помош на родителите на овој начин.

„Постојат многу локални самоуправи кои ја суфинансираат дејноста на негувателките, т.е. родителите. Меѓутоа, тоа не се прави во Карловац и тоа е најголем проблем, бидејќи ние имаме нормално економска цена, која моментално сега кај нас во Карловац е 2.000 куни (нешто помалку од 399 евра). Единствено кој тука има слух и кој го препозна тој вид на дејност се нашите општини Бариловиќ, Камање, Жакање и Драганиќ” – рече Аленка Бан од хрватското Здружение на негувателките.

Кога градовите би помагале повеќе, тие кои имаат најмногу интерес, родителите, велат дека повеќе би ја користеле услугата за чување на деца од страна на негувателките, бидејќи нивното работно време е флексибилно, а често работат и навечер и за време на викендите.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари