Во Грција уапсен член на анархистичка група Рубикон

Од:

За обид за насилство ќе одговара пред Кривичниот суд во Атина, 39-годишен маж, член на анархистичката група „Рубикон“, кој вчера беше уапсен, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

За апсењето на мажот, соопштение објави и грчката полиција, но без да даде дополнителни информации дека е член на „Рубикон“. Овој податок го објавија грчките медиуми.

Според грчката полиција, 39-годишниот во неделата вечерта се јавил во атинската болница и на насилен и заканувачки начин побарал од надлежните, болницата да ја напуштат полицајците задолжени за чување на хоспитализиран странски државјанин кој е еден од уапсените од инцидентите во саботата поради напад врз полицајци.

Би можело да ве интересира

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов