Во Грција повторно се активираше групата „Заговор на црвените ќелии“

Од:

Грчката екстремистичка група „Заговор на црвение ќелии“ соопшти дека е одговорна за поставување на темпирана бомба пред куќата на директорот на атинскиот затвор Коридалос, која експлодира во петокот, при што една жена се здоби со полесни повреди.

Групата наведе дека бомбата ја поставила под автомобилот на Марија Стефи, директорка на Коридалос,во атинското предградие Дафни. Стефи во нападот не е повредена.

Според проценките на полицијата бомбата имала еден килограм динамит.

Непознато лице во петокот преку телефон ја предупредиредакцијата на еден грчи портал дека бомба ќе експлодира за 20 минути.

– По речиси две години тишина, бомба е поставена под возилото на директорката на затворот и тоа е првата капка пред бурата. Тоа е сторено во знак на солидарност со нашите десетмина браќа, кои се во затвор, наведе групата преку соопштение.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески