Во ЕУ нелегално пренесени повеќе од 66 илјади жители на Косово

Од:

Косово, во потрага по подобар живот меѓу 2009 и 2013 година го напуштиле повеќе од 66 илјади жители, кои нелегално преминале во европските држави и барале азил по светот, пишува приштинскиот весник „Зери“. Весникот наведува дека оваа бројка се однесува на лицата, кои официјално се појавиле како азиланти, додека илјадници други од страв дека ќе бидат вратени и натаму се движат илегално низ Европа.

„Зери“ пишува дека бројот на лажни азиланти е особено зголемен во изминатите три месеци и според официјалните податоци е двојно зголемен во споредба со идентичните временки периоди изминатите години.

Според податоците на Евростат, кои ги пренесува „Зери“, од 1 јануари 2009 година до 31 август 2013 година азил побарале 66.085 лица. Тие побарале азил во 28 држави-членки на Унијата, но и во Швајцарија, Исланд и Норвешка, кои се дел од Европа, но не се членки.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот