Во Црна Гора уапсени двајца Албанци со херион вреден два милиони евра

Од:

Црногорската полиција уапсила двајца албански државјани, кои со 28 килограми хероин во нивниот автомобил сакале да поминат на граничниот премин на црногорско-хрватската граница, кај Дубровник.

Уапсени се Емилан Арифи и Анди Матани, на возраст од 36 односно 29 години.

Дрогата била скриена во просторот кај моторот на автомобилот, кој имал албански национални ознаки.

Според полицијата вредноста на дрогата на нарко пазарот достигнува вредност од два милиони евра.

Ова е рекорна количина на овој вид дрога запленета од црногорската полиција.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора