Во Црна Гора се продаваат и дипломи за основно образование

Од:

Во Црна Гора за само два дена може да се добие диплома за завршено основно образование, објави весникот „Днвене новине“.

Во едно основно училиште во градот Рожаје во северозападниот дел на Црна Гора, за само 500 евра за два дена може да се завршат четири години образование.

– За само два дена завршив од петто до осмо оделение. Тоа училиште се наоѓа во Рожаје и таму имаше уште десетина ученици од Подгорица како мене. Потребно е да имам некакво образование за да најдам некоја работа, раскажува за весникот една млада жена, која побарала да остане анонимна, затоа што се плаши од последици.

Црна Гора не е исклучок во купување на фалсификувани дипломи за сите степени на образование, но за разлика од другите држави ваквите случи речиси никогаш не се откриваат, наведува „Дневне новине“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора