Во Црна Гора се лекуваат од Фејсбук

Од:

Во Црна Гора профили на Фејсбук имаат околу половина од жителите, а меѓу најмладите има и зависни од социјалната мрежа, кои се лекуваат на приватна клиника, објави српскиот весник „Блиц“.

Досега се излекувани двајца малолетни зависници.

Специјалистот за лекување од таа зависност Данило Јокиќ истакнува дека показатели за проблемот се нискиот праг на толеранција, занемарување на здравиот начин на живот, постојаното зголемување на времето, поминато на Фејсбук.

Јокиќ посочува дека пациентите поминувале по 15 часа на Фејсбук за време на викендите, а во останатите денови – од пет до седум часа.

Според него, зависниците од Фејсбук се интровертни личности, кои често немаат пријатели, наклонети се да фантазираат и со време го занемаруваат и училиштето.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески