Во центарот на Загреб пронајдени 400 килограми ураниум

Од:

Речиси 400 килограми ураниум, кој не е заведен во официјалната задолжителна евиденција на нуклеарен материјал, се чува без посебни безбедносни мерки за заштита од зрачење и кражба во самиот центар на Загреб, во складиште за нуклеарен отпад на Институтот Руѓер Бошковиќ, пишува денеска „Вечерњи лист“.

За тој нуклеарен материјал до пред неколу недели воопшто не се знаело, а беше откриен при санација на тој простор, потврди сопственикот на компанијата, која  санирала одлагалиште и соодветна лабораторија.

Веста за пронаоѓање на нукларен материјал, потенцијално е многу опасно за здравјето на луѓето и околината, податлив за злоупотеба во криминални потреби,  ги шокираше хрватските безбедносни и стручни служби.

Материјалот не е евидентиран на ниедно место, не постои службена информација кога и од каде е донесен и за што се користи.

Државниот завод за радиолошка и нуклеарна безбедност за ураниум ја информирал владата, а во истрагата од каде и кога завршил материјалот во Институтот се вклучиле и тајните служби, наведува загрепскиот дневен весник.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик