Во Бугарија запленет хероин во вредност од 34 милиони долари

Од:

Бугарските цариници на преминот на бугарско-романската граница во близина на градот Видин, запленија рекордни 423 килограми хероин, чија вредност е проценета на 34 милиони долари.

Шефот на бугарската царинска управа Георги Костов денеска соопшти дека дрохата била откриена при провека на еден камион на мостот на Дунав близу Видин, кој бил управуван од државјанин на Бугарија.

Претставникот на бугарската полиција Младен Маринов информира дека хероинот бил сокриен во кутии со плочки од теракота.

Според транспортната документација, крајна дестинација на камионот била Холандија.

Полицијата претпоставува дека хероинот потекнува од Иран и дека бил наменет за европскиот нарко пазар.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори