Во Бугарија уапсени мајстори за фалсификување пари и документи

Од:

Бугарските власти соопштија дека разбиле криминална група што печатела фалсификувани пари и документи со висок квалитет.

Меѓу документите се наоѓал и лажен пасош со фотографија од актерот Силвестер Сталоне, кој требало да биде нешто како реклама и да ги воодушеви потенцијалните клиенти.

Обвинети се четворица бугарски државјани за учество во групата која изготвувала и продавала лажни бугарски документи, евра и американски долари.

Бугарските власти извршиле претрес на 30 локации во заедничка операција со Агенцијата на ЕУ за полициска соработка (Европол) и тајната служба на САД, наведуваат обвинители.

Шест лица се уапсени откако е пронајдена незаконска опрема за печатење на пари и изработка на документи, како и големо количество на лажни банкноти од 50 евра и 100 долари.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори