Во Бугарија секој четврти тест за Ковид-19 е позитивен

Од:

Секој четврти тест за Ковид-19 направен во Бугарија во изминатите 24 часа бил позитивен, ова го покажуваат податоците на здравствените власти во државата.

Во изминатото деноноќие во земјата се заразиле 395 лица. Бројот на хоспитализирани пациенти, исто така е во пораст и достигна -1.500 или двојно повеќе отколку од крајот на септември.

За последните 24 часа, скоро 25 отсто од тестовите се позитивни, во државата од вирусот починале 18, а излекувано е 31 лице.

Најмногу новозаразени се регистрирани во главниот град Софија – 145, а на второ место е Сливен со 84 нови случаи.

Бугарските медиуми дознаваат дека капацитетите во болниците ширум државата се исполнуваат и дека доколку бројот на новозаразени расте со овој интензитет можно е да нема доволно место за згрижување на пациентите со потешки симптоми.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори