Во Бугарија протест поради реформите во инвалидските пензии

Од:

Илјадници луѓе во Бугарија протестираа против реформите во инвалидските пензии, кои Владата планира да го спроведе поради злоупотреби.

Инвалидските пензии Бугарија годишно ја чинат околу 1,7 милијарди лева (0,87 милијарди евра).

Според официјална статистика, околу 900.000 исплати секоја година се уплатуваат на сметките на 500.000 луѓе и поради тоа има сомневања дека постојат злоупотреби.

Законот за реформи предизвика жестоко противење, критичарите истакнуваат дека ќе резултира со намалување на давачката и ќе ги остави пензионерите без пари, а голем број од нив живеат под прагот на сиромаштијата.

Во обид да го спречи денешниот протест, Владата го повлече особено оспоруваниот дел од законот кој се однесуваше на воведување построги критериуми за инвалидитет, но протестот сепак беше одржан.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори