Во Бугарија прогласен „жолт аларм“ поради високите температури

Од:

Бугарскиот Национален институт за метеорологија и хидрологија денеска прогласи „жолт метео аларм“ на територијата на цела Бугарија, поради очекуваните високи температури.

Како што јави БТА, Инзтитутот соопшти дека времето може да биде „потенцијално опасно“, бидејќи иако очекуваните температури не се невообичаени за овој период од годината, сепак потребна е внимателност, посебно при работа на отворено.

Институтот информира и дека водостојот на реките во Бугарија е на ниски нивоа и дека во следните два дена се очекува нивно понатамошно намалување или задржување на сегашните висини.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори