Во Атина пронајден куфер со 149 молотови коктели

Од:

Грчката полиција вчера пронашла куфер со 149 молотови коктели во една зграда во централната атинска населба Ексархија, јавија денеска грчките медиуми.

Куферот бил пронајден во рамките на обема полициска акција која била спроведена поради претстојното одбележување на годишнината од смртта на Александрос Григоропулос кој на 6 декемви 2008 година, на 15 годишна возраст беше застрелан од полицијата, што предизвика масовни немири. Од тогаш, секоја година во спомен на момчето, се одржуваат демонстрации во кои често доаѓа до судир со полицијата.

Пронајдените гранати се однесени во форензичка лабораторија, за да се утврди дали на нив има отпечатоци.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески