Во Анкара состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Романија и Полска

Од:

Министрите за надворешни работи на Турција, Романија и Полска, денеска ќе одржат средба во Анкара со цел политичко-воени консултации, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јави агенцијата Анадолија.

– На средбата ќе се оценува исходот од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, кој беше одржан во Вашингтон на 4 април 2019 година, по повод 70-годишнината на НАТО, и ќе бидат разгледани и подготовките за самитот на лидерите кој ќе се одржи до крајот на оваа година, се вели во соопштението на Министерството.

Во документот се додава и дека турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, заедно со неговиот романски колега Теодор Малескану и полскиот колега Јацек Чапутович, ќе разговараат и за соработката во областа на одбраната и безбедноста, јави Анадолија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски