Во Албанија за едно деноноќие пристигнаа над 266.000 вакцини

Од:

Во Албанија за едно деноноќие пристигнаа 266.190 дози вакцини, со што вкупната бројка на добиени вакцини се искачи на над 703.000 дози.

-Првата пратка од 50 илјади, која беше донација од Индија, пристигна во неделата вечерта, вчера попладне пристигнаа уште 208.000 од „Синовак“, со што се заокружува договорот постигнат со оваа компанија. Доцна синоќа пристигна пратка од 8.190 дози од „Фајзер“. Досега вкупно имаме добиено 703.550 дози, објави на Фејсбук министерката за здравство Огерта Манастирлиу.

Додава дека тоа значи продолжување со несмалена динамика на процесот за масовна вакцинација на населението кое според стратешкиот план треба да се заокружи до следната пролет.

-Ова ќе го продолжи процесот за масовна вакцинација. Досега се имунизирани се 345.934 лица и ќе продолжиме се додека не се вакцинира секој граѓанин. Вакцинацијата на целата популација планираме да заврши до следната пролет, наведува таа.

Исто така информира дека Австрија од мај до август ќе испорача 651.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ на шест земји од Западен Балкан.

-За нашата земја, наведува таа, ќе бидат испорачани 145 илјади дози.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент