Во Албанија училиштата ќе се отворат само за полагање државна матура

Од:

Поради пандемијата со Ковид-19 учебната 2019/2020 година во Албанија ќе заврши без можност учениците и студентите да се вратат во училишните простории.

Информацијата вечерва ја соопшти министерката за образование Беса Шахини преку онлајн комуникација.

-Како што ви ветив, би сакала да ве информирам за одлуката што ја донесовме, за крајот на учебната година. Училиштата и универзитетите во Албанија, кои беа затворени на деветти март, ќе останат затворени поради ситуацијата предизвикана од глобалната пандемија, Ковид-19. Повторно ќе се отворат во септември,изјави Шахини.

Таа додаде дека училиштата ќе се отворат само за матурантите и тоа од 28 мај до петти јуни.

-Одлучивме да ги отвориме училишта за матурантите и тоа од 18 мај до 5 јуни за полагање на предметите од државната матура,со почитување на социјална дистанца. Во училниците ќе се дозволува присуство на 10-12 до максимум 15 ученици. За таа цел ќе користиме и објекти на основни училишта, рече министерката Шахини.

Посочи дека наставата од далечина за сите учениците од деветолетките и трите години на средните училишта, ќе продолжи до 29 мај кога и завршува учебната година или две недели порано од вообичаено.

-Причината за донесување ваква одлука е големиот број ученици во училиштата. Од катастрофалниот земјотрес од 26 ноември дел од училишните објекти се урнати а дел многу оштетени, поради што во останатите училишта наставата се одвиваше и во две смени,па не можќеме да обезбедиме социјална дистанца,објасни Шахини.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он