Во Албанија почна да пристигнува помош

Од:

Повеќе држави од Европа и регионот се подготвени да и помогнат на Албанија во санирањето на последиците од серијата земјотреси, а во Албанија веќе пристигнаа 52 лица за вонредни ситуации од Романија и 40 припадници на косовските безбедносни сили.

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека помош за Албанија доаѓа од Италија, Грција, Франција, Турција, Србија, Црна Гора и Косово.

Македонскиот премиер Заев информира дека и од РСМ веќе се испратени тимови за спасување, а дадена е насока до најблиските региони како Охридско-струшкиот и Кичевскиот да испратат механизација. Подготвени се и лекарските тимови и противпожарните служби кои исто така ќе бидат испратени доколку има потреба.

Албанскиот портал „Јава њуз“ објави дека авионот со 52 припадници на романските специјални единици за вонредни ситуации пристигнал во Тирана, за да и помогне на Албанија во санирањето на последиците.

Командантот на Косовските безбедносни сили Тахман Рама потврди дека пропадници на КБС веќе се во Албанија за да помогнат во санирање на последиците од портресите.

Рама рекол дека КБС се подготвени да исшратат и дополнителен број припадници ако има потреба.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија