Во Албанија 753 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Од:

Продолжува неповолната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во Албанија, каде во изминатото деноноќие опасниот вирус е дијагностциран кај 753 лица, а како последица од него починале 14 пациенти.

– Во изминатите 24 часа беа тестирани 2.532 сомнителни случаи при што опасниот вирус е дијагностициран кај 753, што е 29,7 отсто од тестираните. Најголем број од новозаразените и понатаму се од Тирана – 431. Во исто време на списокот на оздравени се внесени 347, а битката со опасниот вирус ја загубија 14 пациенти, на возраст од 53 до 86 години, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Според истиот извор, во четирите ковид болници се хоспитализирани 450 пациенти, 38 на интензивна терапија и 11 интубирани.

– Од март досега направени се 208.503 тестирања, позитивни на вирусот биле 44.436, оздравеле 22.527, активно заразени се 20.973, додека за жал починаа 936 лица, стои во соопштението на Министерството.

Се додава дека примената на брзите тестови, што вчера почна во Тирана, која е главно жариште на болеста, се одвива непречено. Министерството обезбеди 100.000, а од 20 декември ќе почне примената и во другите делови на земјата за што ќе бидат набавени уште 200.000 вакви тестови.

Во меѓувреме премиерот Еди Рама и министерката за здравство Огерта Манастирлиу од пред два дена се во САД на разговори за набавка на анти-ковид вакцини.

Албанија планира набавка на 1.140.000 вакцини за што ќе бидат потрошени 3,9 милиони долари. Според Владата, овој број вакцини ќе биде наменет за 20 отсто од популацијата и се предвидува едно лице да добие по две дози од вакцината.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент