Во Албанија 62 отсто од младите не веруваат во политиката

Од:

Околу 62 отсто од младите во Албанија не веруваат дека политичките партии можат да ги решат нивните проблеми, како што се невработеноста или сиромаштијата. Но, и покрај недовербата, 50 отсто од нив ќе излезат на избори.

Податоците беа презентирани од страна на Центарот за заштита на правата на детето на Првиот национален младински самит одржан денеска во Тирана.

Невработеноста, сиромаштијата и образованието се трите прашања кои се повеќе ги загрижуваат младите, а 62 отсто од нив сметаат дека ниту една од политичките партии не е отворена за решавање на овие проблеми или за соработка со нив.

– Оваа порака која се упатува до политичките партии исто така е отворен повик партиите да бидат поотворени за младите луѓе, да имаат специфични програми за младите луѓе и програми кои се однесуваат на она што ги загрижува младите, оцени генералниот директор на Центарот, Алтин Хазизај.

Но, независно од недостигот на доверба кон политичките партии 50 отсто од испитаниците во анкетата изјавиле дека ќе излезат да гласаат на избори.

– Стапката на неучество на младите на избори е 25-30 отсто и очекувавме процентот да биде повисок. Среќни сме што младите луѓе, и покрај политичката криза и ситуацијата, веруваат дека нивната земја ќе успее да изнајде решение, изјави Хазизај.

Во анкетата биле опфатени 600 млади од сите 12. околии во земјата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија