Влајки: Итно формирање власт во Република Српска

Од:

Потпретседателот на Република Српска Емил Влајки предложи итно конституирање на Националното собрание на Српска, на кое основна точка на дневен ред ќе биде зачувување на Дејтонскиот договор и јакнење на независноста на Република Српска.

Според Влајки, моментално меѓународната заедница со разни средства забрзано настојува меѓу српскиот политички корпус да обезбеди квалификувано мнозинство за уривање на Дејтонскиот договор со подготвување уставни реформи што РС ќе ја сведат на административна единица.

Влајки смета дека целта на „обоените револуции“ се постигнати со изборот на Младен Ивановиќ од опозицијата, за српски член на Претседателството на БиХ, што ќе спроведува реформи со цел за создавање централизирана БиХ и формирање пробошњачки власти на ниво на БиХ.

– Основна цел на „револуцијата“ е инсталирање во Претседателството на таков српски член што ќе спроведе, заедно со останатите два члена, неопходни уставни реформи што ќе доведат, на барање на Западот, до создавање на централизирана БиХ, наведува Влајки во соопштението.

Според Влајки друга цел е наведување на опозицијата во РС заедно со Бошњаците на ниво на БиХ да формираат западна, пробошњачка власт.

– Во тој контекст за Западот, ентитетите и Дејтон, па дури и претседателот на РС повеќе немаат никакво значење, што е јасно изразено во намерите на министрите за надворешни работи на Велика Британија и Германија, од пред неколку дена, нагласува Влајки.

Министрите за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд и Германија Франк Валтер Штајнмајер минатата недела во Берлин побараа од босанските политички лидери во пишан документ да се обврзат на институционални реформи на сите нивоа, а за возврат Велика Британија и Германија ќе настојуваат да добијат поддршка од европските земји за одобрување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

(ВИДЕО) Го осудија за педофилија, па им избега низ прозорец

Предраг Петровиќ

Додик: Република Српска има поддршка од околу 15 држави да се отцепи од Босна

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска