Владата на Република Српска почна да гради деловно-станбена зграда во Косовска Митровица

Од:

Со првиот ископ во квартот Бошњачка махала, во северниот дел на Косовска Митровица, денеска почна градбата на деловно-станбена зграда за која средствата ги обезбеди владата на Република Српска, пренесе Танјуг.

Српскиот министер Петар Ѓокиќ, од овој босански ентитет, на церемонијата изјави дека владата и парламентот на Република Српска едногласно го усвоиле проектот за да се изгради објект за локалните Срби во знак на солидарност со нив.

Во зградата ќе има осум апартмани за раселените Срби и деловен простор, од кој дел ќе биде наманет за Културен центар на Република Српска, и простории за меѓуопштинскиот Центар за социјални прашања.

Предвидено е работите врз овој објект да завршат во следните сто дена.

Вредноста на проектот е половина милион конвертабилни марки ( 250.000 евра).

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски