Владата на Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба

Од:

Владата на премиерот Андреј Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба во хрватскиот Сабор.

Хрватскиот Сабор има 151 пратеник, а од 140 присутни, 64 гласаа за, а 76 пратеници против.

Опозицијата предводена од СДП побара гласање за доверба на владата на Пленковиќ, по апсењето на Вили Берош додека беше министер за здравство, а поради корупцискиот скандал во здравството.

Според неофицијални информации на хрватските медиуми, гласањето за избор на 10 уставни судии е одложено за утре.

Претходно денеска беше неизвесно и дали пратениците во хрватскиот Сабор воопшто ќе гласаат за доверба на владата на премиерот Пленковиќ.

Највлијателната опозициска Социјалдемократска партија (СДП), која поднесе барање за гласање доверба на Владата, побара пратениците денеска да гласаат само за избор на судии, а гласањето за доверба на извршната власт да се одложи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Пленковиќ: Протерувањето на Хрватите од Србија мора да престане

А1он

Уапсен e музичарот Миле Кекин