Владата на Црна Гора го одби барањето на опозицијата за поништување на изборите

Од:

Владата на Црна Гора денес го отфрли како неприфатливо и правно неутрално барање на опозицијата, за поништување на претседателските избори и распишување на ново гласање за шеф на државата.

На седницата, на која што ја водеше премиерот Мило Ѓукановиќ, владата оцени дека на претседателските избори кои што се одржаа на 7-ми април, се спроведени во согласност со законот и меѓународните стандарди.

Барањето за донесување на посебен закон со кој резултатите на претседателските избори ќе се прогласат за неважечки е неприфатлив, бидејќи со тоа ќе се поништи изборната волја на граѓаните, се наведува во соопштението.

Опозицијата на протестот на 20-ти април во Подгорица побара од претседателот на парламентот Ранко Кривокапиќ, премиерот Мило Ѓукановиќ и пратеници од владеачката коалиција да се усвои посебен закон со кој ќе се поништат резултатите на претседателските избори, одржани на 7 април.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора