Влада на Косово: Израел има право да се брани од нападите на Хамас

Од:

Владата на Косово смета дека Израел има право да го штити својот народ од, како што наведува, над 2.000 ракети испукани само од палестинската организација Хамас, во актулениот конфликт меѓу двете земји во Појасот Газа.

Во објава на својата официјална страница на Твитер, косовското Министерство за надворешни работи апелира до страните во конфликтот да се воздржат од насилство и да изнајдат мировно решение.

– Како и секоја држава, Израел има право и задача да го заштити својот народ од над 2.000 ракети испукани врз цивилите само од Хамас, кој ги држи во заложништво палестинските цивили во својата борба. Ние тагуваме по сите жртви. Апелираме за воздржаност, прекин на насилствата и изнаоѓање мировно решение, се вели во соопштението на косовското МНР.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски