Вкупно 173 наводни џихадисти биле депортирани минатиот месец од Турција

Од:

Вкупно 173 осомничени џихадисти, од кои повеќето се државјани на земји од ЕУ, биле депортирани од Турција минатиот месец, соопштија турските власти.

Весникот „Хуриет дејли њуз“ пишува дека од почетокот на годинава Турција ги зајакнала безбедносните мерки на аеродромите, граничните премини и пристаништа, каде се отворени и специјални простории за сослушување. Мерките се воведени по нападите во Франција минатиот месец.

Осомничените за поврзаност со терористички организации, кои се уапсени во Турција, биле сослушувани од полициски и разузнавачки екипи за борба против тероризмот. Доколку при распитот се утврди дека тие имаат врска со нелегални организации, тогаш турските власти прво се консултираат со раководството во земјите од каде што пристигнале приведените, а потоа ги депортираат.

Околу 300 лица, кои патувале од Европа кон Сирија преку Турција, биле уапсени минатиот месец на турски аеродроми и гранични премини. По извршеното сослушување било утврдено дека 173 од нив се поврзани со терористички организации, по што биле депортирани.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда