„Вијести“: Црна Гора е транзитна земја за курските илегални имигранти

Од:

Државјани на Турција организираат илегално префрлање на имигранти преку територијата на Црна Гора, пред се Курди, објави подгоричкиот весник „Вијести“ повикувајќи се на полициски документи.

Весникот наведува дека транспортот на илегалните имигранти чини од 3.500 до 4.000 евра по човек.

Според полицијата постојат три насоки за транзит на Курдите преку територијата на Црна Гора. Првата е со авион од Истанбул до Подгорица, а потоа со возила од Црна Гора кон Босна и Херцеговина и Хрватска, а крајна дестинација е Италија.

Втората е со авион од Истанбул до Тирана или со автобус од Истанбул-Македонија-Албанија, а потоа со автомобили или такси кон Црна Гора, преку Улцињ, во насока на Хрватска, Словенија и Италија.

И третата рута е од Албанија преку Црна Гора кон Србија, а потоа кон Австрија преку Белград или Суботица.

Во полициските документи се посочува дека Црна Гора се користи како транзитна територија.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица