ВИДЕО: „Војна“ во центарот на Тирана, железни шипки и камења против солзавец и водени топови

Од:

Вечерашниот протест поради убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полицаец, спорeд насилството не се разликува од вчерашниот.

Собирот почна идентично како и вчера, пред Министерството за внатрешни работи, каде учесниците ја откорнаа заштитната ограда и почнаа да фрлаат железни шипки и пиротехнички средства врз кордонот полицајци, тврди предмети врз објектот, а истото го правеа и врз објектот на Министерството за финансии, каде ја оштетија влезната врата и многу прозорци, по што продолжија и пред Владата.

По ова, почна неколкучасовна „војна“ во центарот на Тирана, а полицијата, придружена од оклопни возила, употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите, кои гаѓаа на полицајците со се што им дојде при рака.

Извикувајќи: „Долу диктатурата“, „Полицајци фашисти“, демонстрантите одзедоа и противпожарно возило, а палеа и контејнери во центарот на Тирана.

Освен повеќето од 800 полициски службеници, мораа да интервенираат и припадниците на специјалните полициски единици.

Протести беа организирани и во Корча, каде демонстрантите носеле парола на која пишувало „Не ставајте маски, ставете панцири“, потоа во Валона, Драч, Берат и други градови. На протестот во градот Леже, освен барањето за оставка од министерот Лешај, учесниците имаа и едно чудно барање, а тоа е „Легализирајте го хашишот“.

Протестите во сите градови биле насилни, со оштетување на полициските станици и фрлање тврди предмети кон полицајците.

Во време кога почна протестот во Тирана, премиерот Еди Рама информира дека министерот за внатрешни работи Сандер Лешај поднел оставка, но оваа вест не влијаеше многу врз демонстрантите.

Полицијата приведе и повеќе учесници, пред се млади лица. На протестот немаше политички претставници. Има повредени, пред се полицајци, но колкав е бројот нема информации.

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

ВИДЕО: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on