ВИДЕО: Во Херцеговина се излеаја реки, загрозени семејни куќи

Од:

Неколку реки во Херцеговина се излеаја од коритата поради обилните врнежи дожд што паѓаа со денови, а најсериозна е состојбата во областа Чапљина, каде се поплавени дворови, патишта и земјоделски површини.

Неколку семејни куќи и помошни објекти лоцирани покрај реката Требижат се загрозени поради зголемениот водостој.

Оваа река се излеа во дворовите на семејни куќи и поплави неколку подруми, а поплавите се закануваат и на станбени згради.

Најлоша е состојбата во местото Струге, јужно од Чапљина, а водата доаѓа и во населените места Грабовине и Требижат, каде се поплавени земјоделски имоти, локални патишта, но и помошни објекти. Обилни врнежи дожд се најавени и за следната недела.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Во Бања Лука беше исвиркана химната на БиХ, играчите на Борац го игнорираа знамето

Предраг Петровиќ

Банките во БиХ бараат решение за сметките на лицата кои се на црната листа на САД за да избегнат санкции

Шефот на НАТО: Русија сее раздор во Босна и Херцеговина, гледаме сецесионистичка реторика

Додик: БиХ е нереална држава, Република Српска еден ден ќе биде независна

Лавров денеска и утре во БиХ и во Србија