Закана: Без нова источна интерконекција нема ниту Јужна интерконекција во Босна

Од:

Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарац, изјави дека нема да ја достави во процедура нацрт-основата за водење преговори за склучување на Договорот меѓу БиХ и Хрватска за изградба на гасоводот Јужна интерконекција се додека не се деблокира Источната Интерконекција во Претседателството на БиХ.

Нека им е јасно на сите – без источната нема ниту Јужна интерконекција“, рече Кошарац.

Тој е на мислење дека развојот на Република Српска се запира со блокирање на новата источна интерконекција.

„Фокусирањето на јужната интерконекција поради одредени американски интереси, а во исто време блокирањето на источната, нова интерконекција, може помине само кај наивните. Вие нема да го гледате тој филм! Ние не сме наивни“, рече Кошарац во објавата на Инстаграм.

Тој потсети дека Република Српска од самиот почеток се залагаше за правична политика на паралелно усвојување на двете меѓусебни интерконекции.

„Немаме ништо против јужната интерконекција, но таа мора да се третира подеднакво и истовремено со источната, нова интерконекција. Двете интерконекции се од стратешко значење и ќе играат клучна улога за долгорочна енергетска стабилност во РС и ФБиХ“, оцени Кошарац.

На крајот постави услов.

„Значи, прво да се деблокира источната, нова интерконекција во Претседателството на Босна и Херцеговина, за да можеме да зборуваме за испраќање на нацртот на основата за водење на преговорите за да се склучи Договорот со Хрватска за јужната интерконекција во понатамошната процедура “ изјави Кошарац.

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе донесеме ригорозен закон за невладините организации, дури и по цена на европскиот пат

А1он

Мали: Опозицијата сака и веќе го презема протестот од студентите

А1он

Дел од студентите се откажаа од блокирањето на Мостот на слободата, осудена злоупотребата од политичарите

А1он

Вучиќ: Објавени се сите документи за Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Активисти ја пресретнаа и се расправаат со Ана Брнабиќ

А1он

(ВИДЕO) Вучиќ од Јагодина: Нема да има промена на власта со сила, студентите нека кажат кое барање не е исполнето“

Предраг Петровиќ