ВИДЕО: Tепачка помеѓу посетителите и обезбедувањето на фестивалот во Зрче

Од:

Британските таблоиди објавија снимки од инцидент помеѓу обезбедувањето и посетителите на фестивалот за електронска музика Hideout во Зрче.

Се чини, дека посетителите почнаа да фрлаат предмети кон обезбедувањето, кое одговори веднаш но и брутално, пренесува “Јутарњи лист”.

Припадниците на обезбедувањето излегоа од клубот со палки и почнаа да ги тепаат оние што се наоѓаа пред врата, а некои бегаа до брегот, известува Дејли мејл.

Фестивалот е исклучително популарен помеѓу Британците кои се најбројни помеѓу посетителите, но не е познато дали и британски државјани се вмешани во инцидентот.

Џејми Роб од Британија постави две видеа на Твитер и напиша „добро е да се види како луѓето се спротивставуваат на насилство и тепање.“

Сцената ја опиша како „Трета светска војна“, а неведува и дека припадниците на обезбедувањето одвеле едно лице зад сцената за да се пресметаат со него.

„Сите се заземаа за момчето кое го претепа обезбдувањето додека го влечеа зад сцената каде што никој не можеше да види што му прават.“, напиша Роб.

Во одговорите на објавата одговорија и од службениот профил на фестивалот.

„Благодариме што ни укажавте на овој проблем. Не толерираме никакво насилство и го истражуваме случајот.“, напишаа, а во одговорот за Дејли Мејл додаваат:

„Бараме највисоки стандарди на професионално однесување од сите што работат таму, а случајот го истражуваме. Hideout не толерира насилство на фестивалот и ги охрабрува посетителите да го предупредат персоналот за било какво насилство кое им се случило или биле сведоци.“

Би можело да ве интересира

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Велешанка заврши во притвор-истепала дете и фрлала камења по него

Предраг Петровиќ

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ