Насилство на скопската обиколница, стопирал со полициска значка од татко му

Од:

Дваесетгодишник е осомничен дека завчера на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишникот за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а доставен е и предлог за притвор.

Јавноното обвинителство денеска соопшти дека поради недоразбирање во сообраќајот осомничениот управувајќи автомобил „Фолксваген голф” дошол во иста линија со возило „Сеат леон” кое го управувал оштетениот. Со автомобилот започнал да навлегува во лентата по која се движел оштетениот, па како да е овластен полициски службеник преку својот прозорец на оштетениот му ја покажал полициската значка, која била во возилото и со која бил задолжен неговиот татко – полициски службеник во СВР Скопје. Оштетениот, мислејќи дека се работи за стоп наредба од овластен полициски службеник, го запрел своето возило и се упатил кон возилото на осомничениот. Тој излегол надвор, почнал да го пцуе оштетениот, па од фармерките извадил нож на расклопување и го отворил сечивото. Со ножот почнал да замавнува кон оштетениот, нанесувајќи му телесни повреди, по што побегнал, стои во информацијата од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, имајќи ја предвид пред се опасноста тој да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода за да ја избегне кривичната одговорност за делото што му се става на товар.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ