ВИДЕО: Тела на 18 мигранти пронајдени во Бугарија во напуштен камион

Од:

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска во напуштен камион во село во близина на главниот град Софија се пронајдени тела на најмалку 18 лица. „Според првичните информации, камионот превезувал илегални мигранти – вкупно околу 40 лица, кои се криеле под дрвa“, соопшти Министерството.

Откако мештаните ја известиле полицијата, камионот бил лоциран во близина на селото Локорско, на 20 километри североисточно од главниот град на Бугарија. Преживеаните се пренесени во болница за да добијат соодветна медицинска помош. Според информациите на Бугарската национална телевизија (БНТ), мигрантите требало да бидат префрлени од бугарско-турската граница до бугарско-српската граница.

Во тек е потрага по трговците со луѓе за кои се верува дека го управувале камионот и избегале, потврдија властите. Се верува дека тоа е најсмртоносниот инцидент со мигранти во земјата. Бугарија, која се наоѓа на надворешните граници на Европската унија, се обидува да ги заостри безбедносните мерки за да го спречи зголемениот број луѓе кои сакаат да ја преминат границата.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски