ВИДЕО: Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Дијабекир

Од:

Турската полиција употреби солзавец и водени топови против курдските демонстранти во Дијабекир, Југоисточна Турција.

Група демонстранти, меѓу кои и пратеници на Партијата за мир и демократија се упатија на местото определено за митинзи и покрај тоа што не добија дозвола за организирање на протести. Кога полицијата се обидела да ги спречи демонстрантите тие почнале да фрлаат со камења.

Во инцидентот еден полицаец е повреден, а повеќемина демонстранти се приведени.

Демонстрантите во Дијабекир бараат ослободување од затвор на лидерот на терористичката Курдска работничка партија (ПКК) Абдулах Оџелан.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат