ВИДЕО: Србите смислија свој симбол на орел како одговор на албанскиот

Од:

Српските корисници на социјалната мрежа ТикТок деновиве промовираат нов патриотски тренд, кој е одговор на познатиот гест кој го користат Албанците и нивниот симбол на орел кој се изведува со рацете.

Орелот е симбол на двете балкански држави и тој е претставен на нивните знамиња и грбови. Во последниве години, птицата, ни крива ни должна, се најде во центарот на жестоки препирања и тензии меѓу Србите и Албанците, кои за среќа, главно завршуваат на пцости и навреди на социјалните мрежи.

Многу Срби го гледаат гестот со орелот, кој со години е популарен кај албанските јавни личности на социјалните мрежи и пошироко, како провокација, па тие сега, за да им парираат на Албанците, смислија свој орел. Тој се прави со спојување на двете раце, со кои веќе е направен српскиот симбол со три прста.

Се шират снимки на кои српските тиктокери го покажуваат специфичниот симбол на орел, кој според сопственото тврдење, прва го употребила корисничка на ТикТок по име Александра, која се претставува како „кралица на српските орли“.

На видеата објавени на ТикТок во кои се покажува новиот симбол, во позадина свири техно-верзија на патриотската песна „Силно светни сонце од Косово“. Дел од корисниците на социјалните мрежи го прифаќаат новиот симбол, додека за други, станува збор за политички инструирана кампања на српските власти, наспроти договорот за економска нормализација меѓу Белград и Приштина, постигнат овој месец во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ