Видео снимка на која советник на Ердоган клоца демонстрант предизвика гнев во Турција

Од:

Видео снимка на која се гледа како еден од советниците на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган клоца демонстрант, предизвика гнев во Турција и ја влоши сликата за турскиот лидер пред неговата очекувана кандидатура за шеф на државата.

Турските весници денеска објавија фотографија на која е прикажан советник на Ердоган како клоца еден демонстрант кој е на земја, а го држат припадници на специјалните полициски сили.

Инцидентот се случил за време на вчерашната посета на премиерот на рудникот во градот Сома, каде во несреќа загинаа најмалку 282 рудара, додека голем број се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски